Со два гола на Баркола и еден на Хакими, сите во првото полувреме, Пари Сен Жермен со 3-0 го победи Ремс во финалето на Купот на Франција.
За Светците од Париз ова е 16-та куп титула. Сега ја имаат двојната круна в раце, а за една недела ќе се обидат првпат да дојдат и до историска тројна, но ќе треба во финалето на Лигата на шампионите да го победат Интер.
За Ремс, останува битката за опстанок во Лига 1 во баражот против Мец.