ПСЖ без проблем ќе го победи Брест, ефикасно ќе биде во Шпанија и Англија (Фото)

1324 Атл. Мадрид – Атл. Билбао (21:30)

Возбудлив дуел се очекува да одиграат екипите на Атлетико Мадрид и Атлетик Билбао во полуфиналето на шпанскиот Куп на кралот. Јорганџиите на последните два натпревари одиграа „гол-гол“, против Реал и Рајо, а така се очекува да биде и вечерва, во дуелот кој ќе одреди кој ќе биде поблиску до големото финале.

Предлог тип: ГГ & 1+I & 1+II (2.50)

 

2867 ПСЖ – Брест (21:10)

Екипата на ПСЖ е голем фаворит во дуелот од Купот на Франција против Брест, екипа која верувале или не, никогаш ги нема победено Светците. Серија од 14 натпревари по ред на кои ПСЖ победуваше против денешниот противник беше прекината пред десеттина дена, кога во првенството на „Паркот на принцовите“ одиграа 2-2, но вечерва Мбапе и дружината нема да направат нов кикс.

Предлог тип: 1 & 2-4 (2.10)

 

1104 Астон вила – Челзи (21:00)

Првиот натпревар од ФА купот помеѓу Астон вила и Челзи на „Стемфорд бриџ“ заврши нерешено, 0-0, па вечерва ќе се одлучува патникот во осминафиналето на најстарото натпреварување во светот. Двете екипи веќе немаат што да бранат и мора да тргнат по победата на овој меч. Последните два натпревари беа катастрофални за екипата на Челзи, порази од 4-1 и 4-2 од Ливерпул, односно Вулверхемптон.

Предлог тип: ГГ и 3+ (1.82)

 

1103 Нотингам Ф. – Бристол сити (20:45)

Премиерлигашот Нотингам форест ја има фаворитската улога во повторениот натпревар од англискиот ФА куп против членот на Чемпионшип дивизијата, Бристол сити. Последните два меча на домашните завршија со голови во двете мрежи, а така завршија осум од последните 10 натпревари на Шумарите.

Предлог тип: 1Х & ГГ (2.20)

 

2863 Монпелје – Ница (20:30)

Еипата на Ница како благ фаворит влегува во дуелот против Монпелје, екипа која им лежи, со оглед на тоа дека немаат пораз на последните пет меѓусебни натпревари. Воедно, Ница е во серија од три меча без пораз во домашното првенство, па се очекува добрите резултати да продолжат и во Купот на Франција.

Предлог тип: Х2 & 2>1 (2.50)

- Оглас -

Најнови вести