ПСЖ без проблеми го „свари“ Атлетико на жешкото калифорниско сонце (Видео)

Актуелниот европски првак, Пари Сен Жермен, победнички стартуваше на Светското клупско првенство, откако вечерва го совлада Атлетико Мадрид со 3-0.

Стрелци на головите беа фудбалерите за врска, Фабијан Руиз, Витиња и Сени Мајулу. Првите два гола паднаа во првото полувреме, а за двата гола асистент беше Хвича Кварацхелија.

Мајулу кој има 19 години, влезе во игра во 66-та минута, а во финишот на мечот погоди за 3-0, додека конечните 4-0 ги постави Ли Канг-Ин од пенал во последните секунди.

Атлетико даде гол кој беше поништен по прегледување на ВАР снимка, Сорлот утна една 100 процентна шанса, а како капак шпанскиот тим средбата ја заврши со човек помалку по исклучувањето на Ленгле.

Средбата се одигра на „Роуз боул“ во Пасадена, Лос Анџелес, стадион на кој пред 31 година Бразил и Италија играа финале на Светското првенство. Времето беше многу топло, додека играа Светците и Јорганџиите температурата беше 31 степен целзиусов, па во двете полувремиња имаше и паузи за разладување и пиење вода.

Овие два тима се во група со бразилски Ботафого и американскиот Сиетл, кои доцна вечерва после полноќ го играат меѓусебниот меч од првото коло.

Погледнете го голот на Руиз со кој ПСЖ поведе со 1-0:

- Оглас -

Најнови вести