ПСЖ би го урнал светскиот рекорд за да го купи Ламин Јамал

Францускиот гигант Пари Сен Жермен тргна на сѐ или ништо и нуди астрономски 250 милиони евра за трансфер на Ламин Јамал. Тоа би бил нов светски рекорд за најголем трансфер во историјата на фудбалот, откако пред седум години го купи Нејмар, исто така од Барселона за 222 милиони евра.

Суперталентот на Барселона блеска на Европското првенство, досега е меѓу најдобрите на турнирот, со што само си ја зголеми цената.

ПСЖ некогаш беше подготвен да плати 200 милиони евра, а сега ја зголеми понудата на 250 милиони, но се чини дека ниту тоа нема да биде доволно.

Барселона не сака да се откаже од својот бисер по никаква цена, напротив, многу е веројатно дека ќе му го даде дресот со број „10“ кога Ансу Фати ќе го напушти клубот.

И самиот Ламин Јамал не крие дека тоа би било остварување на сонот.

„Бројот „10“ му припаѓа на Фати, но ако биде слободен, секако дека би ми била чест да го преземам. Бројот „10“ во Барселона е сон на секој играч, тоа е нешто што не се одбива“, изјави Јамал.

Истовремено, тој порача дека сонува само за успех во својата Барселона и дека не размислува за други клубови.

ПСЖ бара замена за Килијан Мбапе, но извесно е дека тоа нема да биде Јамал, бидејќи некои работи во фудбалот изгледа не можат да се купат со пари.

- Оглас -

Најнови вести