Серхио Рамос е на еден чекор до Пари Сен Жермен и ако утре попладне ги мине медицинските прегледи, ќе потпише двегодишен договор со популарните Светци.
Сè е веќе договорено и долгогодишниот капитен на Реал Мадрид ќе биде големо засилување на Пари Сен Жермен. За 35-годишниот стопер тоа ќе биде трет клуб во кариерата, откако по две сезони во Севилја, од 2003 до 2005, мина дури 16 години во Реал Мадрид.
https://twitter.com/mohamedbouhafsi/status/1412492953415790600?s=20
Рамос сè уште е еден од најдобрите стопери на светот, а се очекува да потпише договор со ПСЖ до 2023 година.