ПСЖ чекаше до крај за да ја изработи Барса, и успеа во тоа!

Пари Сен Жермен е лут ривал на Барселона на фудбалскиот пазар и вчера, на последниот ден од преодниот рок, Каталонците дозволија да бидат изработени од парижаните во врска со Рафиња.

Барса летово го врати Рафиња од позајмица во Селта и му порача дека може да си оди само ако некој ја плати клаузулата од 16 милиони евра. Со доаѓањето на тренерот Роналд Куман, Рафиња беше ставен на трансфер-листа, но клубот не ја спушташе цената. Никој не сакаше да го купи Бразилецот бидејќи зошто сега да платат 16 милиони, кога следното лето е слободен.

ПСЖ го чекаше последниот ден од преодниот рок, знаеше дека Барселона е во хаос и дека ќе прифати што било. И навистина, ПСЖ го доби Рафиња само за три милиони, и тоа не фиксно, туку низ бонуси, нешто слично како Луис Суарес во Атлетико Мадрид. Да биде уште посмешно, Селта нудеше 8 милиони за Рафиња, но Бартомеу одбиваше за сега да го пушти Рафиња за нула евра.

Во овој преоден рок Барселона е убедливо најголем губитник. Не успеаја да му ги исполнат желбите на тренерот Куман и да ги донесат Депај и Ерик Гарасија, не го продадоа Дембеле, не го позајмија Умтити, а си заминаа ѕвездите Суарес, Иван Ракитиќ и Артуро Видал, плус Рафиња, сите вкупно за 2 милиони евра фиксна отштета.

- Оглас -

Најнови вести