ПСЖ дефинитивно отпадна од трката за потписот со Кејн

Капитенот на англиската репрезентација и на Тотенхем, Хари Кејн, нема намера да се пресели во ПСЖ, ова лето, објави англиски „Телеграф“.

Според англискиот веснинк, Кејн ја одбил понудата на Светците да се пресели на „Паркот на принцевите“, со што во игра за одличниот напаѓач останаа само неговиот актуелен тим, Тотенхем и Баерн Минхен.

Претседателот на Тотенхем, Даниел Леви, ги одби првите две понуди на Баерн од 70 и 80 милиони евра и бара најмалку 110 милиони. Баварците пак подготвуваат нова понуда тешка 100 милиони евра за Кејн, а веќе е најавено дека во среда или во четврток, во Лондон ќе има средба меѓу претставниците на двата тима.

Договорот на Кејн со Тотенхем истекува идното лето, а напаѓачот веќе го извести Леви дека нема шанси да потпише нов договор иако на маса има понуда од 400.000 евра неделна плата и дека преферира да се пресели во Баерн Минхен со кого ги договорил личните услови.

 

- Оглас -

Најнови вести