Репрезентативецот на Холандија, Чави Симонс, е еден од фудбалерите коишто со своите игри на Европското првенство го привлекоа вниманието на европските гиганти. Тој во моментов е член на ПСЖ, но Светците на маса имаат понуда која тешко дека ќе можат да ја одбијат.
Баерн Минхен веќе има испратено понуда до ПСЖ, според која фудбалерот летово би се преселил во Баварија како позајмен, но со задолжителен откуп следното лето и обесштетување од неверојатни 90 милиони евра.
Винсан Компани ги составува коцките за следната сезона, а токму во Чави Симонс гледа фудбалер со кого ќе се остварат шампионските амбиции по катастрофалната сезона која ја имаа без ниту еден освоен трофеј.
Сепак, Баерн за ангажманот на Симонс има конкуренција во Лајпциг, но мали се шансите дека ќе можат да го украдат Холанѓанецот пред ривалот од Бундеслигата.