ПСЖ донесе играч од ПСВ, но ќе игра за “светците“ само ако си заминат Нејмар или Мбапе

Младиот холандски интернационалец Чави Симонс после една година се врати од ПСВ Ајдховен во ПСЖ. Тој минатото лето беше ослободен од страна на “светците“ и направи трансфер во Холандија, но сега ПСЖ ја искористи клаузулата од неговиот договор и за само 6 милиони евра го врати назад, иако неговата вредност во моментов е 40 милиони евра.

Симон веќе има четири настапи и за репрезентацијата на Холандија, а потекнува од академијата на Барселона, од каде во 2019-тата како слободен агент се пресели во ПСЖ.

Иако “светците“ го ангажираа, тој тешко дека ќе успее да игра за првата екипа и најверојатно ќе биде биде пуштен на позајмица во Лајпциг, освен доколку не си заминат Нејмар или Мбапе, па така да се ослободи место за него во првата постава на ПСЖ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести