Францускиот првак ПСЖ го ангажираше голманот Серхио Рико на едногодишна позајмица со опција за откуп по крајот на сезоната. Шпанскиот голман доаѓа од редовите на Севилја, а минатата сезона ги бранеше боите на Фулам, со кого испадна од Премиер лигата.
Рико многу веројатно ќе биде бекап опција на голманската позиција, односно како втор избор со Кејлор Навас, кој би требало денес да ја реализира преселбата од Реал Мадрид на „Паркот на Принцовите“, додека во спротивен правец ќе замине Алфонс Ареола.
„Чест е да се биде дел од овој голем клуб, кој во изминативе години напорно работи да се наметне меѓу најдобрите во Европа“, истакна Рико при потписот.
За четири години Рико запиша над 190 меча во дресот на Севилја, додека ланската сезона 29 пати стоеше пред голот на Фулам.
Инаку, допрва во просториите на ПСЖ ќе биде прометно. Утринските шпекулации велат дека на пат кон Париз е Мауро Икарди, кој многу веројатно ќе заигра за францускиот првак како позајмен играч од редовите на Интер. Околу овој ангажман ќе се чека потврда во текот на денот.
Procede bene per @MauroIcardi al @PSG_inside dopo una notte di trattative: si va avanti per il rinnovo con @Inter e poi prestito con diritto di riscatto al #Psg @SkySport #calciomercato
— Gianluca Di Marzio (@DiMarzio) September 2, 2019