Мохамед Салах одамна беше поврзуван со Пари Сен Жермен за можен трансфер, а старата желба на катарските газди на клубот може да им се исполни летово.
Можеби највлијателниот африкански фудбалер во последната деценија, во интервју кажа дека нема никаков напредок во преговорите за нов договор и дека ја игра последната сезона во Ливерпул, а тоа не останаа незабележана од парискиот клуб.
Приоритет на Салах и понатаму е продолжувањето во Ливерпул, со изјавата направи притисок за одглавување на преговорите кои се во застој, па агентите на фудбалерот одржуваат контакт и со челниците на ПСЖ.
Евентуалното доаѓање на Салах во Париз би било мала револуција во клубот кој копнее по голема ѕвезда откако останаа без Килијан Мбапе. Парискиот тим има и доволно финансиски средства да му понуди значително повисок договор од оној што Салах го добива во Англија, и да направи обид да го оствари големиот сон, освојување на Лигата на шампионите.