ПСЖ е класа во Франција: И 24-ти првенствен натпревар по ред не знаат за пораз

Доминацијата на ПСЖ во француското првенство продолжи со гостинска победа над Тулуз со 0-1. Единствениот гол на мечот беше дело на Фабиан Руис во 52-рата минута. Оваа поеда за „светците“ значи дека нивната серија без пораз во првенството порасна на 24 натпревари, а последен пат загубија во мај минатата година и тоа токму од денешниот противник.

Воедно, избраниците на Луис Енрике немаат пораз на последните 18 меча во сите конкуренции. „Светците“ се лидери на табелата со 56 поени, 10 повеќе од второпласираниот Олимпик Марсеј.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ОСТАВИ КОМЕНТАР

Внесете го вашиот коментар!
Внесете го вашето име тука

- Оглас -

Најнови вести