ПСЖ е клубот кој доби најтешки противници на денешната ждрепка

Пари Сен Жермен е тимот кој имаше најмалку среќа на денешната ждрепка за Лигата на шампионите.

Францускиот првак доби многу силни ривали и пред нив е тешка задача. Кога видоа кои противници им ги додели компјутерот, челниците на ПСЖ беа во шок, и не им се веруваше дека нема да имаат лесни натпревари.

ПСЖ треба дома да игра со Манчестер сити, Атлетико Мадрид, Жирона и ПСВ, а ќе им гостува на Баерн Минхен, Арсенал, Салцбург и Штутгарт.

- Оглас -

Најнови вести