Нејмар е расположен за асистенции, иако не успеа да постигне гол од двете изгледни шанси во првото полувреме, а по неговото прецизно додавање, и Ди Марија успеа да погоди во 42-рата минута за голема предност од 2:0 на ПСЖ против Лајпциг по првото полувреме во првото полуфинале во Лигата на шампионите.
Маркињос погоди во 13-тата минута по слободниот удар што го изведе Ди Марија, а потоа Аргентинецот и самиот беше прецизен во 42-рата за сигурен од на фаворитот во полуфиналето на Луж.
Остануваат уште 45 минути плус судиско продолжение во второто полувреме за сигурен пласман на ПСЖ во финалето или за подвиг на Лајпциг и пресврт на патот кон клупска историја и настап во мечот за титулата на 23 август на „Луж“ во Лисабон.