Европскиот првак Пари Сен Жермен го гледа Винисиус јуниор како следната „мегазвезда“ и подготвен е да плати над 200 милиони евра за да го доведе Бразилецот во Париз. Според најавите, трансферот би можел да се реализира во летниот преоден рок, тврди францускиот „РМЦ“.
По скандалот што Винисиус го предизвика на Ел Класико, кога жестоко реагираше на замената од тренерот Чаби Алонсо, а по мечот сакаше да се пресмета и со Ламин Јамал, ѕвездата на Барселона, се зголемија шпекулациите за негово заминување од „Сантијаго Бернабеу“.
Винисиус јавно се извини, тренерот Чаби Алонсо се обиде да ја смири ситуацијата истакнувајќи дека случајот е затворен и веќе нема никакви проблеми во неговиот тим, но јасно е дека овој скандал уште долго ќе се провлекува во јавноста.
Реал Мадрид уште претходно би прекина преговорите за негов договор со Бразилецот, затоа што агентите на Винисиус јуниор не беа задоволни со понудата на клубот.

 
                                    