ПСЖ е подготвен да плати најскап СМС во историјата на Лацио

Пари Сен Жермен е подготвен да плати 60 милиони евра и според француските медиуми веќе испратил понуда до Лацио за одличниот офанзивец Сергеј Милинковиќ Савиќ.

Дури се наведува дека Светците нема да се откажат така лесно од трансферот во Париз на популарнито СМС и дека би оделе и до ниво од 80 милиони евра.

Ако се оствари ваквата најава тогаш Лацио би заработил одлично, а тоа би бил и клупски рекорд во излезен трансфер. Досега кај лацијалите рекордер е Бобо Виери за кого Интер му плати на клубот од Рим 50 милиони евра во 1999 година.

Претседателот на Лацио, Клаудио Лотито истакна дека цената за Милинковиќ Савиќ е поголема и од 100 милиони евра, а се пофали дека веќе одбил таква понуда, но парижани се надеваат дека ќе има договор.

За СМС се интересираат и Манчестер јунајтед, Челзи, Реал Мадрид, но засега се уште Лотито калкулира и ги мери понудите за својата највредна инвестиција.

- Оглас -

Најнови вести