Пари Сен Жермен е лидер во француското првенство, а и како првопласиран во групната фаза од Лигата на шампиони си обезбеди место меѓу топ 16. И покрај добрите резултати, мидиумите во Франција најавуваат дека е можна негова смена, доколку Светците влезат во серија лоши резултати.
Францускиот првак вечерва гостува кај Сент Етјен во меч кој некогаш беше дерби, а сега се очекува сигурна победа на гостите. Сепак, најавите се дека ако ПСЖ киксира, Тухел може дури да добие и отказ. Младиот тренер веќе една и пол година е на чело на ПСЖ, но многумина не го гледаат како стратег кој може да го одведе тимот од Париз до посакуваната цел, а тоа е титула во Лигата на шампиони.
Ждрепката за осминафиналните дуели од ЛШ ќе биде утре, кога ќе се знае и следниот противник на ПСЖ.