Пари Сен Жермен со многу среќа, но и искуство, дојде до трофејот во европскиот Суперкуп.
ПСЖ до 85-тата минута беше надигран и губеше со 0-2 од Тотенхем, а потоа со два гола во финишот дојде до 2-2 и на пенали беше подобар иако по првата серија беа во негатив откако Витиња не реализира.
Ван де Вен и Тел утнаа во третата и четвртата серија за Тотенхем и лондонските Петли не успеаја да станат првиот тим по Атлетико Мадрид од 2018 година кој го освоил Суперкупот како освојувач на Лигата на Европа.

