Баерн Минхен е единствената екипа во Европа која победила на сите официјални натпревари во новата сезона. „Баварците“ имаат 15 победи на 15-те натпревари сезонава, а во Бундеслигата се доминантни со девет победи. Последната победа беше над Баер Леверкузен, лесна и убедлива со 3-0, но сега за Баерн следува вистински предизвик – гостување кај актуелниот освојувач на Лигата на шампионите, ПСЖ.
„Со нетрпение го очекувам. Заслужуваме да влеземе во него исполнети со ентузијазам. Треба да биде рокенрол! Тие имаат самодоверба, ние имаме самодоверба – ова е неверојатен натпревар. Заслужуваме да влеземе во него со полна сила.“ – вели Компани.
Мечот помеѓу ПСЖ и Баерн Минхен се игра во вторник од 21 часот.

