Донарума дојде и направи уште поголема гужва пред голот, ПСЖ сега има цела сликовница од голмани (Фото)

Пари Сен Жермен го претстави Џанлуиџи Донарума, голманот што потпиша петгодишен договор со францускиот клуб, кој сега под договор има дури 9-мина чувари на мрежата.

Кејлор Навас е број 1 и ќе биде интересна битката меѓу него и Донарума за голманската позиција во првиот состав на Светците од Париз.

Популарнито Џиџио доаѓа во ПСЖ како најдобар играч на Европското првенство, а парижаните сега имаат цела сликовница од голмани.

Алфонс Ареола е под договор со ПСЖ, но бранеше за Фулам како позајмен голман. Вест хем е заинтересиран за да го добие на нова позјамица што би ја договориле со парижаните.

Серхио Рико има актуелен договор до 2024 година со ПСЖ, а бранеше на 10 меча од 2020 година. Интересен е случајот со Александре Летелие, чиј договор со ПСЖ истече пред 15 дена, но му беше продолжен за две години.

Под договор со францускиот вицешампион се и Лукас Лавалие, Денис Франки, Марчин Булка и Гарисон Иносент, што значи дека ПСЖ има дури 9-мина голмани пред стартот на новата сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести