Лукас Мура е новиот херој на Тотенхем. Бразилецот синоќа постигна хет-трик, и тоа само за едно полувреме на гостувањето кај Ајакс и го одведе Тотенхем во финалето на Лигата на шампионите. Мура го облече дресот на Тотенхем во јануари 2018 година, а пристигна од Пари Сен Жермен.
Францускиот првак едноставно реши да го отпише Мура откако само неколку месеци претходно на „Паркот на принцовите“ пристигна Нејмар, а потоа и Килијан Мбапе. За ѕвездата на Барселона „светците“ платија рекордни 222 милиони евра, а Мура го продадоа за 26 милиони евра.
Во ПСЖ веруваа дека со Нејмар и Мбапе како засилувања нема место за Мура и играчот кого го купија за 45 милиони евра, решија да го продадат речиси за двојно помалку. Почетокот на Бразилецот во Тотенхем не беше многу добар. Одигра само шест меча и се шпекулираше дека само по шест месеци ќе си замине, но менаџерот Маурисио Покетино реши да го задржи.
На крајот тоа се покажа дека Покетино направил вистински потег, а Мура му возврати со погодоци во полуфиналето од Лигата на шампионите и историски пласман во финалето.