ПСЖ го извади постерот со ликот на Мбапе од фасадата на „Паркот на принцовите“

Пари Сен Жермен почна да испраќа очигледни сигнали дека веќе не смета на првата ѕвезда Килијан Мбапе, со кого имаат договор уште една сезона.

Деновиве се појави снимка на која се гледа како во официјалниот фан-шоп на клубот во Париз се повлекуваат од продажба дресови со бројот 7 и презимето Мбапе на грбот, а денеска е преземен уште еден чекор, се вадеше големиот постер со ликот на Мбапе, кој ја красеше фасадата на стадионот „Парк на принцовите“.

Светците се заканија дека на Мбапе нема да му дозволат да игра сезонава ако не го продолжи договорот со нив. Доколку Мбапе не се најде во составот за првиот дуел од стартот на француската лига, ПСЖ ќе потврди дека навистина имаат намера да го држат Мбапе надвор од тимот.

Тогаш се очекува Мбапе конечно да го прекине молкот и јавно да каже дека сака да си оди од клубот. Тоа е сигналот што го чекаат и во Реал Мадрид како услов да испратат понуда. Реал е единствениот клуб во кој Мбапе сака да се пресели, па парижаните ќе треба да прифатат да го продадат во Мадрид за да не го загубат Мбапе бесплатно следното лето.

https://twitter.com/i/status/1688504382365540352

- Оглас -

Најнови вести