Управата на ПСЖ ја одреди главната цел во летниот преоден рок, Хвича Кварецхелија од Наполи, објави новинарот Џанлука ди Марцио.
Според новинарот, челниците на ПСЖ веќе оствариле контакт со агентот на фудбалерот Мамукa Југели, кому му порачале дека издвоиле 100 милиони евра за трансферот на Грузиецот.
„Не е вистина дека има интерес за Хвича од Саудиска Арабија. Но, вистина е дека има интерес од ПСЖ, дури има и понуда, но сè зависи од Наполи и од претседателот Де Лаурентис“, изјави Југели во интервју за „Газета дело Спорт“.
Хвича Кварецхелија во Наполи пристигна пред две години само за 13,3 милиони евра и доколку се пресели во ПСЖ, до врв ќе ја наполни касата на италијанскиот тим.