ПСЖ го победи Арсенал, но Луис Енрике ги доби најлошите можни вести

ПСЖ со минимални 0-1 славеше на гостувањето кај Арсенал на првиот меч од полуфиналето на Лигата на шампионите, а единствениот гол беше дело на Усман Дембеле уште во четвртата минута.

Најдобриот фудбалер на Светците“ во оваа сезона беше заменет во 70-тата минута откако се пожали на повреда и сега е неизвесен за реваншот со Арсенал.

„Ќе се обидеме да го вратиме Дембеле на терен. Сепак, ние сме вистинска екипа. Ако Усман може да игра, тоа е подобро, но ако не може и понатаму ќе бидеме вистинска екипа. Тоа го зборувам од почетокот на сезоната. Ќе направиме тестови, мислам дека не е ништо сериозно, нешто ситно, но сигурно дека е под знак прашалник за реваншот“, рече тренерот на ПСЖ, Луис Енрике.

Усман Дембеле е убедливо најдобриот фудбалер на ПСЖ со ефект од 33 гола и 12 асистенции на 45 меча во сите натпреварувања.

- Оглас -

Најнови вести