ПСЖ го победи директниот ривал, но мечот се памти по тоа што се случи нешто што го немало шест години

Екипата на Пари Сен Жермен победи со 3:1 на „Паркот на принцовите“ во меч од 21. коло на француското првенство. За Светците ова е 15 победа сезоната и стигнаа до 50 бодови. Вториот на табелата, тимот на Ница има 39 бодови, а потоа следуваат Брест со 36 и Лил со 35 бодови.

Денешниот дуел не започна добро за ПСЖ затоа што гостите беа тие кои први се израдуваа и тоа со погодок во шестата минута. Сепак, само четири минути подоцна Рамос израмни на 1:1, а до крајот на првиот дел, фаворитот направи целосен пресврт и тоа со автоголот на Алехандро во 17 минута.

Сите дилеми околу победникот беа решени во 80 минута кога Коло Муани погоди за 3:1 и трите бода останаа за тимот од главниот град на Франција.

Покрај погодоците, овој меч ќе се памти и по тоа дека сите 90 минути на клупата за резерви ги преседе Килијан Мбапе. Првата ѕвезда на тимот за прв пат по 4 мај 2021 година и мечот со Манчестер сити во Лигата на шампиони, остана цела средба на клупата.

Во првенството на Франција, Мбапе на клупата во текот на цел дуел не бил од 15 април 2018 година, кога ПСЖ со 7:1 го победи Монако. Тоа значи дека по речиси шест години, Мбапе не влезе во игра на теренот на еден натпревар на кој можеше да игра.

многумина ова изостанување на Мбапе од стартниот тим и преседувањето на клупата го сметаат како една предупредувачка порака за голгетерот за кој се шпекулира дека ќе направи трансфер во Реал Мадрид.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести