Пари Сен Жермен со 2:1 го победи Олимпик Марсеј во дербито на двете најдобри екипи во Франција. Нејмар и Мбапе беа стрелци на погодоците за ПСЖ, додека за Олимпик Марсеј погоди хрватскиот интернационалец Дује Чалета.
Со овој триумф, Светците стигнаа до 74 бодови од 32 меча, а тимот од Марсеј остана на втората позиција со 59 бодови. До крајот на првенството остануваат само уште шест кола, а ПСЖ има дури 15 бодови повеќе од вториот, што значи дека уште во следното коло може да се случи гигантот од „Паркот на принцовите“ да се радува на шампионската титула.