ПСЖ го претстави играчот со кој Барселона се фалеше неколку месеци

Холандскиот играч за врска Џорџино Вајналдум и официјално е нов играч на ПСЖ. Искусниот 30-годишен фудбалер потпиша тригодишен договор со францускиот тим, што значи дека ќе остане на „Паркот на принцовите“ до јуни 2024 година.

Според договорот, Вајналдум годишно ќе заработува по девет милиони евра, а на „Паркот на принцовите“ доаѓа како слободен играч од Ливерпул.

Вајналдум со месеци се споменуваше дека летово ќе биде големо засилување за Барселона, но Каталонците извисија, а Холанѓанецот го одбра ПСЖ за свој нов тим, а главна причина за промена на првичниот план е поголемата плата која му ја понудиле во францускиот тим.

Новиот играч на ПСЖ одигра вкупно 236 меча за Ливерпул и постигна 22 гола, а претходно има играно и за Њукасл, ПСВ Ајндховен и Феенорд.

- Оглас -

Најнови вести