ПСЖ го продава Мбапе: Голгетерот побара плата колку Нејмар и доби „корпа“

Пари Сен Жермен утревечер треба да го потврди пласманот во четвртфиналето од Лигата на шампиони, благодарение на убедливата предност од 4:1 по првиот меч против Барселона. Најзаслужен за таа победа е Килијан Мбапе кој постигна хет-трик на „Камп Ноу“. Мбапе беше незадржлив и сега Светците без притисок го очекуваа реваншот на „Паркот на Принцовите“.

Иако Мбапе е лидер на тимот во последните неколку сезони, се поверојатно е дека францускиот репрезентативец ќе си замине од клубот на крајот од сезоната. Актуелниот договор на Мбапе е до јуни 2022 година, а веќе неколку месеци траат преговорите за продолжување на соработката.

Голгетерот кој сега годишно заработува 17,5 милиони евра, побарал двојно поголема плата, односно да добива 35 милиони евра по сезона. Тоа е сумата која во моментов ја добива Нејмар во ПСЖ. Челниците на клубот веднаш го одбија ова барање на Мбапе и најавено е дека на крајот од сезонава ќе го продадат, за да може добро да заработат.

Пред четири сезони Мбапе во ПСЖ дојде за сума од 20 милиони евра платени на Монако. Францускиот првак сега ќе бара 10 пати повеќе, односно 200 милиони евра од клубот кој би го откупил договорот на Мбапе. Според пишувањата, само три клуба сега се во можност да го купат Мбапе, а тоа се Реал Мадрид, Ливерпул и Манчестер сити.

 

- Оглас -

Најнови вести