20.8 C
Skopje
вторник, 19 август 2025

ПСЖ го реши проблемот за да го позајми Коло Муани во Јувентус

Францускиот првак Пари Сен Жермен успеа да го реши проблемот што го попречуваше преминот на Рандал Коло Муани во Јувентус. Парижаните имаа шестмина играчи од првиот тим на позајмица, што ги ограничуваше во можноста за реализација на нов заем.

ПСЖ ќе го раскине договорот со дефанзивецот Хуан Бернат, кој моментно настапува на позајмица во Виљареал. Се очекуваше ПСЖ да го продаде Шер Н’дур, кој игра на позајмица во Бешикташ, но договор не беше постигнат.

Со тоа трансферот на Рандал Коло Муани во Јувентус на позајмица, без опција за откуп, е финализиран.

По раскинувањето на договорот на Бернат, ПСЖ може да ги потпише документите за заем на Коло Муани. Францускиот репрезентативец ќе игра во Торино до крајот на сезоната.

- Оглас -

Најнови вести