17.8 C
Skopje
понеделник, 11 август 2025

ПСЖ го стави Донарума на трансфер листа

Актуелниот европски клупски шампион Пари Сен Жермен го ставил Џанлуиџи Донарума на трансфер листа, објавија француските медиуми.

Причината е неуспешниот обид за постигнување договор за нова соработка. ПСЖ не сака да ризикува да го загуби голманот без обештетување во летото 2026 година, кога му истекува актуелниот договор.

Францускиот клуб е пред реализација на трансферот на голманот на Лил, Лукас Шевалие, кој ќе потпише петгодишен договор.

Баерн Минхен внимателно ја следи ситуацијата, а според медиумите на Островот, Донарума би можел да ја продолжи кариерата и во Манчестер јунајтед. Наводно, ПСЖ е подготвен да го продаде за околу 30 милиони евра.

26-годишниот италијански репрезентативец пристигна во ПСЖ од Милан во 2021 година и досега одигра 161 натпревар во сите конкуренции, примајќи 156 голови и задржувајќи ја својата мрежа недопрена во 56 средби.

- Оглас -

Најнови вести