Раководството на ПСЖ му изрече суспензија на Лео Меси во траење од две недели откако само еден час по поразот од Лориен, Аргентинецот без дозвола заминал во Саудиска Арабија.
Лео Меси е промотор на Саудиска Арабија и веднаш по натпреварот со приватен авион заминал таму. Аргентинецот мислел дека вообичаено ќе имаат два дена одмор по натпреварот, но поради поразот, тренинг бил закажан за во понеделник. Меси не бил информиран, а веќе бил во Саудиска Арабија.
Бидејќи не се појавил на тренингот, по предлог на тренерот и спортскиот директор, тој е суспендиран на две недели.
https://twitter.com/NicoSchira/status/1653468321382035456?s=20