17.8 C
Skopje
четврток, 10 јули 2025

ПСЖ го уништи Реал Мадрид за 24 минути во првото полувреме (Видео)

Пари Сен Жермен има убедлива предност од 3:0 против Реал Мадрид во полуфиналето на Светското клупско првенство. Францускиот тим кој е актуелен европски првак, немаше милост против Кралскиот клуб од Мадрид и во првите 24 минути му даде три гола.

Фабијан Руиз ја отвори серијата голови и тоа уште во шестата минута кога погоди за 1:0.

Само три минути подоцна следуваше нов гол во мрежата на Реал Мадрид. Овојпат Усман Дембеле ја искористи грешката на Рудигер и го матираше Тибо Куртоа за 2:0 за ПСЖ.

Шоуто на ПСЖ продолжи во 24 минута кога Руис со својот втор погодок зголеми на 3:0. Статистиката покажува дека ПСЖ во првото полувреме имаше 76 отсто посед на топка, парижани упатија дури 12 шута од кои седум во рамките на голот. Реал со 24 отсто посед на топка, имаше само четири шута, од кои еден беше во рамките на голот на противникот.

- Оглас -

Најнови вести