ПСЖ го задржа просекот од над три гола, мајсторија на Ди Марија (Видео)

Пари Сен Жермен со чисти 4-0 славеше на гостувањето кај Дижон во заостанат меч од француската лига, а потегот на средбата го имаше Анхел ди Марија. Аргентинецот со мајсторски удар во 50-тата минута погоди од слободен удар за водство 3-0, откако претходно погодија уште Маркињос и Мбапе. Конечните 4-0 беа дело на Шупо Мотинг.

Париските „светци“ имаат 74 бода од 27 меча, а им остана уште еден заостанат меч, па на вториот на Лил може да му побегнат и цели 20 бода. ПСЖ сезонава во лигата има дадено 83 гола, што е просек од над три погодоци по натпревар.

Поразениот Дижон е трети од долу (шест бода помалку од Монако, кој е веднаш над него) и му се заканува опасност од испаѓање бидејќи во последните шест кола има освоено само еден бод.

Погледнете го голот на Ди Марија:

https://twitter.com/i/status/1105546131436654593

- Оглас -

Најнови вести