ПСЖ го загуби интересот за Осимен: Луис Енрике смета дека тоа се премногу пари за такво засилување

Пари Сен Жермен нема никаков интерес за привлекување на Виктор Осимен, открива „Скај спортс”. Иако имаше многу шпекулации за иднината на напаѓачот, од раководството на клубот потенцирале дека немаат намера да го донесат во тимот.


Главната причина за оваа одлука е ставот на тренерот Луис Енрике, кој смета дека Осимен не би се вклопил во неговата стратегија и не би го засилил тимот толку многу, соодветно на отштетната клаузула од 130 милиони евра.

ПСЖ се обидува да најде решение во нападот по заминувањето на Килијан Мбапе, кој летово се приклучи на Реал Мадрид. Дополнително, тимот од Париз остана и без Гонзало Рамош, португалскиот напаѓач кој се повреди во првиот меч од сезоната и ќе паузира околу три месеци.

Осимен, 25-годишниот нигериски репрезентативец, е дел од Наполи од 2020 година и има одиграно 133 натпревари со 76 гола во сите натпреварувања. Со Наполи ја освои титулата во Серија А во сезоната 2022/23.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести