Атлетико Мадрид беше немоќен да освои бод со играч помалку на двата натпревари со Ливерпул, но иако имаат само 4 бода по четири кола, мадридските Јорганџии може да одат во осминафинале, и тоа дури и без да победат во петтото и шестото коло.
Математиката вели дека Атлетико ако одигра нерешено дома со Милан во следното коло, и потоа на гостувањето во Порто, и со тие два бода плус на актуелните 4, може да биде втор. Условот е и Порто да загуби на гости од Ливерпул. Милан иако е убедливо последен само со еден бод, ако слави во Мадрид, се враќа во игра за второто место ако Порто загуби на „Енфилд“.
Интересно станува и во групата А, каде што Манчестер сити го презеде првото место откако ПСЖ вечерва одигра само 2-2 со Лајпциг. Германците во финишот изедначија од пенал и го ставија ПСЖ во непријатна позиција, иако не изгледаше така кога Светците го победија Сити. Сега во следното коло, Граѓаните играат дома со ПСЖ и ако победат, ќе бидат сигурно први, а ПСЖ ќе стане тим кој секој од победниците на групите ќе сака да го избегне при ждрепката за осминафиналето.