ПСЖ и 12-ти натпревар по ред не знае за пораз во Лига 1, Лион веќе не е во опасната зона (Видео)

Шампионот на Франција, ПСЖ, предводен од Килијан Мбапе, дојде до нова првенствена победа и сега серијата без пораз се искачи на 12 натпревари. Светците вечерва го победија Мец на домашен терен со 3-1.

Откако во првото полувреме немаше погодоци, резултатот го отвори Витиња во 49-тата минута. Следуваа два погодока на Мбапе, во 60-тата и 83-тата минута, но пред да го постигне вториот погодок, Мец најпрво намали на 2-1 преку Удол.

ПСЖ и по 17-тото коло останува лидер во Франција со 40 бода, пет повеќе од второпласираната Ница.

Екипата на Лион иако веќе беше прежалена, сепак дојде до третата победа во низа и првпат оваа сезона не е во опасната зона. Лавовите вечерва го совладаа Нант со минимални 1-0 и дојдоа до 15-тата позиција со 16 поени, колку што има и 14-тиот Мец.

Погодокот кој значеше победа за Лион беше дело на Лаказет во 49-тата минута.

 

- Оглас -

Најнови вести