Шпанските клубови се покажуваат како непремостлива пречка за своите противници кога станува збор за финалните натпревари во последните 18 сезони во Лигата на шампионите или Лига Европа. Од 2002 година наваму, се играле 15 европски финалиња помеѓу шпански и нешпански тим, и во сите 15 триумфирале клубовите од Ла Лига.
Серијата ја почна Реал Мадрид во 2002 против Баер Леверкузен во ЛШ, ја продолжи Валенсија во 2004 во Лига Европа, па Севилја во ЛЕ и Барселона во ЛШ во 2006 година, итн. И Атлетико Мадрид е на оваа листа, со победите во ЛЕ во 2010 и 2018.
Утре престои завршниот натпревар во Лигата на шампионите. Играат француски и германски тим, што значи дека отсуството на шпански тим влева доза на неизвесност околу победникот, иако според квотите во Sport Life, фаворит за титулата е Баерн.