0.8 C
Skopje
петок, 23 јануари 2026

ПСЖ и Интер ќе нападнат од стартот и лесно ќе победат

1710 Оксер – ПСЖ (20 ч.)

Ретко кој очекуваше дека ПСЖ нема да биде лидер во француското првенство по 18 кола, па затоа актуелниот европски првак сигурно ќе оди на победа против Оксер.

Четири победи по ред има ПСЖ во првенството, додека Оксер е со три порази и е на претпоследното место на табелата. ПСЖ во последните осум дуели со Оксер има шест победи и две ремија и јасно е кој е огромен фаворит за триумф.

Предлог тип: 2-2&3+ (2.45)

 

3001 Интер – Пиза (22:45 ч.)

Интер нема право на кикс против екипа која е претпоследнопласирана во Серија А. Пиза има само една победа, но дури 11 нерешени. Сепак, против Интер во Милано нема што да бара.

Есеноска Интер на гости победи со 2:0 кај Пиза, а сега се очекува уште поубедлив триумф на Нераѕурите.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.06)

 

1801 Сент Паули – Хамбургер (20:30 ч.)

Дуел на две екипи кои се борат за опстанок во Бундеслигата. Сент Паули е последен само со 12 бода, додека Хамбургер има 17 бода и четири меча без победа.

Двата тима имаат слаб напад. Сент Паули со 2:0 го победи Хамбургер на гости во есенскиот тим што дава дополнителна самодоверба кај домашниот тим.

Предлог тип: 1Х&0-3 (1.74)

 

1366 Леванте – Елче (21 ч.)

Леванте е единствениот тим во шпанското првенство без победа на домашен терен сезонава, па не е чудно зошто е во зоната за испаѓање. Елче игра одлично и е на осмото место, а тоа е тим кој дава, но и прима голови.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.11)

 

1655 Стандард Лиеж – Гент (20:45 ч.)

Дуел на шестиот и седмиот на табелата. Стандард е со три порази во последните четири кола, а тоа е тимот со вториот најслаб напад во првенството. Од друга страна, Гент игра екстра офанзивно, а има нестабилна одбрана, па може да се очекува интересн дуел.

Предлог тип: 1+I &3+ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести