1702 Оксер – ПСЖ (21 ч.)
Пари Сен Жермен доминира во француското првенство и уште нема пораз, а е убедлив лидер на табелата. Оксер има по шест победи, исто толку порази и само едно реми, а кога игра дома, одличен e со пет победи од шест средби.
ПСЖ има четири победи и едно реми во последните пет дуели со овој ривал и најчесто тоа биле средби со повеќе погодоци.
Предлог тип: 2&2-4 (2.35)
3001 Интер – Парма (18:30 ч.)
Повеќе од јасно е дека Интер e голем фаворит за победа. Парма игра променливо, се наоѓа на средината од табелата, а тоа е екипа која игра без многу калкулации, отворено, па затоа има и многу погодоци.
На пет од последните шест меѓусебни пресметки имало голови на двете страни и било барем 3+, што е најава за интересен меч.
Предлог тип: 1-1&3+ (1.81)
1801 Штутгарт – Унион Берлин (20:30 ч.)
Штутгарт игра под очекувањата, но тимот кој е дел од Лигата на шампионите едноставно пред своите навивачи треба да потврди дека оди на победа. Унион Берлин е одличен ривал во овој период затоа што тимот од главниот град на Германија е во лоша форма и нема победа на последните шест натпревари.
На последните пет меѓусебни дуели Штутгарт има три победи, Унион Берлин се радувал двапати, а интересно е дека сите пет пресметки биле НГ, односно една од екипите да не постигне погодок.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.00)
1303 Селта Виго – Мајорка (21 ч.)
Селта Виго на свој терен сезонава има четири победи и две нерешени од осум меча, а успеа и против Барселона да одигра 2:2. Мајорка знае да биде незгоден ривал, тим кој игра дефанзивно.
Фактот дека на пет од шесте последни меѓусебни дуели немало повеќе од два погодоци е најава за пресметка која може да биде решена и само со еден потег.
Предлог тип: 0-1 I & 0-1 II (2.00)
1011 Барнли – Мидлсбро (21 ч.)
Барнли е во добра форма и победи во последните четири кола, но и Мидлсбро игра добро и победи на четири од последните пет меча. Двата тима се во горниот дел од табелата во Чемпионшип и сигурно дека ќе играат офанзивно.
Предлог тип: 1+I&3+ (2.35)

