ПСЖ и Јуве подготвуваат размена: Влаховиќ се сели во Париз, а Коло Муани ќе дојде во Торино

Српскиот напаѓач Душан Влаховиќ повторно е во фокусот на вниманието, но сега поради можен трансфер во ПСЖ.

Италијанските и француските медиуми пишуваат за потенцијална размена помеѓу Јувентус и Пари Сен Жермен, во која Влаховиќ би се преселил во Париз, додека во спротивна насока би тргнал Рандал Коло Муани.

Раководството на Јувентус ја разгледува оваа можност поради неколку фактори. Договорот на Влаховиќ истекува за 18 месеци, а продолжување сè уште не е постигнато.

Неговата годишна плата од 12 милиони евра нето, највисока во Серија А, сериозно го оптоварува клупскиот буџет, додека неговиот ефект оваа сезона не ги исполнува очекувањата.

Од друга страна, спортскиот директор на ПСЖ, Луис Кампос, наводно е голем обожувател на стилот на игра на Влаховиќ и смета дека српскиот напаѓач подобро би се вклопил во тренерската филозофија на Луис Енрике отколку Коло Муани.

Вклучувањето на Влаховиќ во преговорите со ПСЖ привлекува големо внимание во фудбалската јавност, бидејќи тоа би можело да биде решение за финансиските и натпреварувачките предизвици на Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести