ПСЖ и Манчестер сити се играат на голови

6013 Клуб Бриж ПСЖ (21:00 часот)

Најголемиот фаворит за освојување на Лигата на шампионите, Пари Сен Жермен, своето патешествие го почнува вечерва, кога ќе се соочи со белгискиот шампион Клуб Бриж. Иако францускиот колектив има дури деветмина повредени фудбалери, и тоа вреди да се истакнат отсуствата на: Ди Марија, Рамос, Верати итн., квалитетот дефинитивно нема да изостанува бидејќи страшното напаѓачко трио Меси, Нејмар, Мбапе е подготвено да „решета“. Во својата историја досега овие две екипи имаат играно двапати, и тоа во групната фаза од ЛШ во 2019 година. На белгиско тло, ПСЖ славеше со 5:0, додека на „Паркот на принцовите“ одиграа 1:0.

Предлог тип: 2&3+ (1.66)

 

6016 Манчестер сити – РБ Лајпциг (21:00 часот)

Манчестер сити овогодишното издание го отвора на домашен терен против германски Лајпциг. Четата предводена од Пеп Гвардиола по минатогодишниот пораз во финалето, ќе се обиде да дојде историскиот прв трофеј во ЛШ, нешто што е толку многу посакувано, но јасно е дека патот нема да биде лесен. Првата препрека е доста незгодна, Лајпциг е тим кој практикува фудбал на гол повеќе иако сезоната не ја започнаа најдобро во Бундеслигата. Дури три порази во четирите средби, од кои последниот во дербито со Баерн Минхен, и тоа од 1:4 пред своите навивачи.

Предлог тип: 3+ (1.57)

 

6011 Атлетико Мадрид – Порто (21:00 часот)

Само триумф е опција за Атлетико Мадрид против Порто во мечот од групата Б. „Јорганџиите“ немаат право на „кикс“ бидејќи таму се наоѓаат и великаните Милан и Ливерпул. Сите три тима имаат подеднакви шанси за пласман, а очигледно е дека ќе одлучува гол-разликата, како и тоа кој ќе пропушти бодови против Порто. Секоја чест за гигантот од Португалија, кој никако не смее да се потцени, но ќе биде вистинска сензација ако успее да мине во наредната фаза од ЛШ. Последниот меч овие две екипи го одиграа сега веќе во далечната 2013 година, а завршија со резултат 2:0 за Атлетико.

Предлог тип: 1 (1.67)

 

2715 ТПС – Гнистан (Финска 2 лига, 17:30 часот)

Ако нешто може да се очекува од натпреварите од финската втора лига, тоа е многу голови, а такво нешто ветуваат ТПС и Гнистан. Домаќините пред своите навивачи на последните четири играат 3+, додека Гнистан на 10 средби, дури седум има одиграно со најмалку три погодоци. Дека може да се исплати оваа прогноза, вели и податокот дека во својата историја овие екипи се сретнале двапати, и тоа домаќин бил ТПС, а резултатот по 90 минути бил 3:1, односно 3:0.

Предлог тип: 3+ (1.58)

 

6010 Шериф Тираспол – Шахтар (18:45 часот)

Со самиот пласман во групната фаза од ЛШ, екипата на Шериф направи сензација, но дефинитивно квалитетот е на страната на Шахтар. Украинскиот тим, кој е редовен учесник во најквалитетното натпреварување, ќе се обиде да им ги помати сметките на Реал Мадрид и Интер, а за такво нешто потребна е победа во гости. Интересно е што овие две екипи играа пред 18 години, и тоа во квалификациски меч од ЛШ, а средбата заврши 0:0, но проектот на украинскиот гигант тогаш беше во почетна фаза. Сега Шахтар е респектабилен тим во кој играат одлични Бразилци во офанзивниот дел и се секогаш расположени за гол повеќе.

Предлог тип: Т22+ (2.02)

 

- Оглас -

Најнови вести