ПСЖ и ослабен ќе даде барем два гола

1710 Ним – ПСЖ (21.00 часот)

Ним нема пораз во последните три кола и во сите тие три меча играше средби со 0-2 гола, а ПСЖ по комплетирањето, има четири победи по ред во француската лига. Иако Ним имаше многу време за подготовка за овој меч, наспроти гостите, чии играчи настапуваа за своите репрезентации и се заморени, не веруваме дека домашните може да изненадат. Двата тима имаат голем број повредени и отсутни, но тоа е поголем хендикеп за Ним, кој има пократка клупа. Во минатата сезона, ПСЖ двата меча против Ним ги доби со по 3-0.

Предлог тип: Т2 2-4 (1.54)

 

1011 Дерби – Ватфорд (20.45 часот)

Дерби каунти сезонава ја отвори со три порази по ред, но во претходното коло Руни со гол од слободен удар им ја донесе првата победа. Од друга страна, Ватфорд, кој се бори за враќање во Премиер лигата, добро почна, а минатото коло го претрпе првиот пораз. Сите четири досегашни мечеви на Ватфорд во Чемпионшип беа многу неефикасни, со 0-1 гол. Веројатно повредата на Трој Дини им е причина за неефикасноста. Но, традицијата на нивните дуели кога Дерби е домаќин, најавува многу голови.

Предлог тип: 0-1 I & 0-2 II (1.57)

 

1714 Шамбли – Клермон (19.00 часот)

Влатко Стојановски уште нема дадено гол во дресот на Шамбли и можеби ова му е шанса за сефте откако за репрезентацијата играше на два меча по 10-15 минути. Шамбли има само пет бода во шест кола во втората француска лига, додека Клермон е на девет бода. Клермон има примено само три гола, а Шамбли прими 10, и тука е разликата. Во минатата сезона Клермон победи на гости кај Шамбли со 1-0.

Предлог тип: 0-2 гола (1.52)

 

3011 Бреша – Лече (21.00 часот)

Ова е дуел од Серија Б помеѓу два тима кои во минатата сезона беа во елитната Серија А во Италија. Преселбата во понизок ранг изгледа потешко им падна во Бреша. Овој тим е последен по две кола, со еден освоен бод, додека Лече има четири бода и уште не примил гол. Тимовите имаат малку поизменети состави во однос на минатата сезона, но традицијата е на страна на домашните. Лече не победил во Бреша од 2005 година.

Предлог тип: Х2 & 2-3 (3.25)

 

2431 Аргеш – Астра (20.00 часот)

Тимовите од Питешти и Џурџу се најслаби во романското првенство, ова е таканаречено дерби на дното. Аргеш и Астра имаат освоено само по еден бод во шест одиграни меча. Астра ја има најлошата одбрана, примија 16 погодоци, двата тима имаат по три порази по ред. Последната победа и едните и другите ја имале во јули. Домашниот терен е голема предност во меѓусебните дуели на овие тимови, од 2000 година наваму секогаш победува тимот кој е домаќин.

Предлог тип: 1Х & 0-3 (1.93)

 

Квоти на денот во обложувалниците Sport Life се:

Дерби каунти – Вотфорд Х2 & ГГ (2.55)

Ним – ПСЖ Т2 1+I& T2 3+ (2.50)

Бреша – Лече 2+ второ (2.30)

 

- Оглас -

Најнови вести