ПСЖ и Ванда се договорија, Икарди останува Светец

Мауро Икарди дефинитивно ќе остане во ПСЖ. Оваа конечна одлука се донесе откако клубот и агентот на Икарди, неговата сопруга Ванда Нара, остварија договор кој е поволен за сите страни, па францускиот првак уште во јануарскиот преоден рок ќе ја активира клаузулата од 65 милиони евра.

Икарди моментно е позајмен играч од Интер со опција по крајот на оваа сезона да го откупат за споменатата сума. Челниците на клубот нема да чекаат да го сторат тоа во јуни, туку во најбрзо време ќе му исплатат 65 милиони евра на гигантот од Милано. Откако сето ова ќе се заврши, Икарди ќе стави потпис на петгодишен договор, а она што засега не се знае е колкава ќе биде годишната плата на аргентинскиот голгетер.

Напаѓачот на Светците иако летото го помина изолиран и со минимален тренажен процес, не му беше потребно многу време да се адаптира на животот во Париз. Тој факт го потврдува и неговата форма, Икарди засега брои девет гола на 10 меча – пет во францускиот шампионат, а четири во Лигата на шампионите.

 

- Оглас -

Најнови вести