Првото коло на францускиот Куп носи неколку мечеви кои се очекува да бидат нерамноправни, затоа што една од екипите ќе ја има улогата на апсолутен фаворит. Најголема разлика секако е таа меѓу актуелниот француски првак ПСЖ кој ќе гостува на аматерската екипа на Ревел, кој се натпреварува во шестата лига по ранг во Франција.
̂ ́ !
Nous voilà en 32eme de finale de la Coupe de France de Football !
Victoire aux TAB (1-1) contre le Blagnac FC devant plus de 1000 personnes et une ambiance de folie
Vive l’USR et vive REVEL ❤️#TeamUSR #usr #USRevel pic.twitter.com/e7yrV7ddmY
— US Revel Football (@us_revel) December 10, 2023
Тренерот на ПСЖ, Луис Енрике ги предупреди своите играчи дека ќе бидат казнети ако не успеат да го победат аматерскиот противник.
„Тие не се професионален тим, играат во аматерска лига, но се лидери во своето натпреварување. Гледавме два меча на Ревел, нема да играат на теренот на кои играат како домаќини, што значи дека има разлика, но сигурно нема да се предадат без борба. Ако не се подготвиме како што треба за овој меч, може да биде лоша вечер за нас. Треба сигурно да започнеме во ова натпреварувње, да одиграме најдобро што можеме. Во овој дуел влегуваме како и на секој меч од првенството што го играме“, рече Енрике, кој потенцираше дека целта во Купот е освојување на трофејот.
Анонимен ривал има и Олимпик Марсеј кој ќе гостува кај петтолигашот Тионвил, додека Олимпик Лион ќе игра против Понтарлие.