19.8 C
Skopje
петок, 22 август 2025

ПСЖ има 18 победи по ред против Анже, вечерва ќе победат и Челзи и Баерн Минхен (Фото)

3121 Струга – Работнички (17:00)

Поранешниот шампион на Македонија, Струга, имаше одличен почеток на новата сезона и победи на воведните два натпревари. Стружани се фаворити и против Работнички, екипа која како да заборави да победува, па екипата од Градски парк се нема радувано уште од 19 април, кога славеше над Пелистер. Последните два натпревари на овие екипи завршуваа со идентични победи од по 1-0 во корист на Струга.

Предлог тип: 1 (1.80)

 

3122 Вардар – Брера (20:00)

Максимален ефект по две кола има и Вардар, екипа која со високи амбиции влезе во новата сезона. За разлика од нив, струмичката Брера ги загуби првите два меча, па јасно е кој е фаворитот во овој двобој. На последните три меѓусебни натпревари, Вардар има две победи, а еден меч заврши нерешено, но моментално разликата во квалитет на двете екипи е огромна.

Предлог тип: 1 & 3+ (2.07)

 

1001 Вест хем – Челзи (21:00)

Вест хем и Челзи го отвораат ново коло од Премиер лигата, а фаворитската улога ја имаат „сините“. Екипата од „Стемфорд бриџ“ на првиот меч одиграа само 0-0 против Кристал палас, па шансата за прва премиерлигашка победа ќе ја бара во Лондон. Челзи има три победи по ред против Вест хем и на сите натпревари се играше ефикасно со по најмалку три гола.

Предлог тип: 2 & 1+ второ (1.84)

 

1801 Баерн Минхен – Лајпциг (20:30)

Баерн Минхен и Лајпциг ќе означат старт на новата сезона во германската Бундеслига. Јасно е кој е фаворитот на овој меч, но победата на Баерн Минхен се очекува да биде барем со еден примен гол. На последните четири меѓусебни дуели на овие две екипи беше „гол-гол“, а мрежата на Баерн се тресеше и на последните два меча, против Штутгарт и Грасхоперс.

Предлог тип: 1 & ГГ (2.30)

 

1701 ПСЖ  – Анже (20:45)

Фудбалерите на ПСЖ ја започнаа одбраната на титулата во Лига 1 со минимална победа од 0-1 на гостински терен против Нант, но вечерва го очекуваат составот на Анже. Сè освен лесна и убедлива победа на Светците ќе биде големо изненадување, со оглед на фактот дека ПСЖ има 18 победи по ред против Анже, а нерешено последен пат одиграа во 2015 година.

Предлог тип: 1-1 & 4+ (2.05)

- Оглас -

Најнови вести