Пари Сен Жермен има огромен капитал од 400 милиони евра во двајцата најдобри играчи, Нејмар и Мбапе, а вечерва и двајцата блескаа на повторениот дуел со Башакшехир во победата од 5:1.
Нејмар, кој го има најскапиот трансфер на сите времиња со сума од 222 милиони евра што ПСЖ ѝ ги плати на Барселона во 2017 година, постигна хет-трик, а Мбапе, кој е зад него со трансфер од 180 милиони евра, даде два гола и имаше една асистенција.
Мечот вечерва беше ревијален по поразот на Манчестер јунајтед од Лајпциг, а беше прекинат вчера од бизарна причина. Четвртиот судија од Романија го навреди Пјер Вебо, помошниот тренер на Турците и екипата на Башакшехир не сакаа да продолжат, па мечот беше прекинат во 14-тата минута.
Вечерва се доигра преостанато време, а доминираа Нејмар и Мбапе со сите пет гола за ПСЖ. Почесниот погодок за турскиот првак го постигна Топал.
follow @noob_fcb
GOAL! Kylian Mbappe 62' ⚽️pic.twitter.com/kj219HkM6V
— noobfcb (@noob_fcb) December 9, 2020
ПСЖ го освои првото место во групата, пред Лајпциг, екипа која со нив патува во нокаут-фазата во Лигата на шампионите.
Манчестер јунајтед е трет и ќе продолжи во Лигата на Европа, а Башакшехир испадна како последен во групата.