Францускиот шампион ПСЖ во последните часови од летниот преоден рок конечно донесе нов напаѓач, објавија француските медиуми, но и италијанскиот новинар Фабрицио Романо.
На „Паркот на принцовите“ доаѓа трагичарот од финалето на Светското првенство, Рандал Коло Муани во трансфер вреден 90 милиони евра. ПСЖ и Ајнтрахт се договорија, Светците веднаш да платат 75 милиони, а останатите 15 милиони се во лесно остварливи бонуси.
https://twitter.com/FabrizioRomano/status/1697685198844973193?s=20
Напаѓачот одамна ги договори личните услови со ПСЖ и вечерва по лекарските прегледи се очекува да потпише петгодишен договор со францускиот шампион. Коло Муани со цел да издејствува трансфер во ПСЖ, неделава започна со штрајк и одбиваше да тренира со соиграчите во Ајнтрахт.