ПСЖ има нов напаѓач, трагичарот од финалето на СП доаѓа на „Паркот на принцовите“

Францускиот шампион ПСЖ во последните часови од летниот преоден рок конечно донесе нов напаѓач, објавија француските медиуми, но и италијанскиот новинар Фабрицио Романо.

На „Паркот на принцовите“ доаѓа трагичарот од финалето на Светското првенство, Рандал Коло Муани во трансфер вреден 90 милиони евра. ПСЖ и Ајнтрахт се договорија, Светците веднаш да платат 75 милиони, а останатите 15 милиони се во лесно остварливи бонуси.

Напаѓачот одамна ги договори личните услови со ПСЖ и вечерва по лекарските прегледи се очекува да потпише петгодишен договор со францускиот шампион. Коло Муани со цел да издејствува трансфер во ПСЖ, неделава започна со штрајк и одбиваше да тренира со соиграчите во Ајнтрахт.

- Оглас -

Најнови вести