Фудбалерите на Пари Сен Жермен успеаја да остварат тесна победа од 2-3 на гостувањето кај Лион во возбудливото дерби од 12-тото коло во француската Лига 1.
Првакот не блескаше на теренот, додека Лион одигра извонреден натпревар, но Светците успеаја да дојдат до победата со голот на Жоао Невеш во 95-тата минута, со удар со глава по корнер.
ПСЖ поведе во 26-тата минута, кога Витиња со мајсторско додавање го најде Заир-Емери, а младиот играч ја затресе мрежата на голманот Грејф.
Лион брзо одговори и израмни пред самиот крај на првото полувреме, кога Афонсо Мореира го надмудри голманот Лука Шевалие.
Само три минути подоцна, ПСЖ повторно поведе. Витиња успеа да украде топка пред шеснаесетникот на Лион, го проигра Кварацхелија, кој ја затресе мрежата.
Во 50-тата минута, Лион направи спектакуларен потег, откако Ејнсли Мејтланд-Најлс со мајсторски лоб-удар го надмудри Шевалие, покажувајќи дека голманот не е на исто ниво со поранешниот чувар на мрежата на ПСЖ, Џанлуиџи Донарума.
Сепак, финалните моменти на мечот му припаднаа на ПСЖ. Во 93-тата минута по втор жолт картон беше исклучен дефанзивецот на Лион, Николас Таљафико, а во петтата минута од судиското надополнување Жоао Невеш со удар со глава го донесе триумфот, со асистенција од корнер на Канг-Ин Ли.
Со оваа победа, ПСЖ е лидер на табелата со 27 бода, додека Лион е седми со 20 бода.

