20.8 C
Skopje
недела, 24 август 2025

ПСЖ испрати нова понуда до Ајнтрахт за трагичарот во финалето на СП

Францускиот шампион ПСЖ тргна во офанзива по потписот со Рандал Коло Муани кој настапува за Ајнтрахт и се очекува во последните денови од преодниот рок, да го комплетира трансферот.

Откако првата понуда тешка 60 милиони евра беше експресно одбиена, денеска управата на ПСЖ достави нова понуда тешка 80 милиони евра отштета плус милионски бонуси.

Ајнтрахт за Коло Муани кој е трагичар во финалето на Светското првенство бидејќи во 120 минута не успеа да ја реализира контрата, бара 100 милиони евра.

Новинарот на „Билд“, Флоријан Плетенбург објави дека фудбалерот веќе ги договорил личните услови со ПСЖ и се очекува трансферот да се реализира во следните денови.

- Оглас -

Најнови вести